top of page

Ј А П О Н И Ј А

Дејан Колевски

IMG_1270_cb_ilford.jpg

Фотографии

16

16 мај - 28 мај

Галерија НЛБ

​

Отворање на изложбата:

16 мај, четврток

20:00

​

Галеријата е отворена секој работен ден (понеделник-петок)од 08:00 до 20:00

​

NLB Galerija.PNG
Изложба
About

За изложбата:

Изложбата на фотографии ЈАПОНИЈА преставува четириесеттина уметнички фотографии.

​

Изложените фотографии, изработени во црно-бела и колор техника, се од Јапонија каде што во текот на мај 2016 престојував во градовите Токио, Јокохама, Осака, Кјото и Каназава.

​

Јапонија ја посетив како турист без некоја однапред подготвена агенда за посета на места и знаменитости. Имав план само кои градови ќе ги посетам во текот на престојот од две недели. Уште пред да го планирам патувањето имав прочитано повеќе текстови и книги на тема Јапонија па мислев дека сум добро подготвен за допир се една различна култура.

​

Сепак, Јапонија е сосема поинаков свет од оној во кој живееме, а тоа се сфаќа брзо по пристигнувањето. Тоа е земја на контрасти, а споевите или судирите меѓу традиционалното и модерното можат да се видат насекаде, почнувајќи од облеката на луѓето до архитектурата.

​

Се надевам дека изложените фотографии на посетителите ќе им доловат дел од прекрасната Јапонија. 

​

Дејан Колевски

Contact

Можете да ме следите на:

Бидете во тек со последните новости

© Дејан Колевски 2019

bottom of page